Масовна тепачка пред кафана во Аеродром - четворица приведени
Четири лица се приведени синоќа по претходна пријава дека учествувале во тепачка со три други лица.
-Денеска во 03.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле К.Н.(24), С.Х.(21), Г.З.(27) и А.П.(19), сите од Скопје, по претходна пријава дека околу 03.30 часот на паркинг простор пред угостителски објект, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со уште три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
15.02.2025 - 15:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа