Се слушаат детонации од пожарот во Визбегово - експлодираат плински уреди од автомобили

 


Од МВР информираат дека денеска во 09.16ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите.

До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот.

За време на интервенцијата еден пожарникар од Бригадата за противпожарна заштита е повреден и пренесен за укажување лекарска помош.

09.07.2025 - 12:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега