СДСМ: Мицкоски е во паника - му падна поддршката

 

Да имаше Мицкоски реални резултати после 4 години локална власт и една година централна власт на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ќе зборуваше за нив, тоа ќе му беше отчетот пред граѓаните, реагираат попладнево од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите.

Но, бидејќи резултати нема, посегнува по измислени сценарија и конструкции околу локалните избори.

Со истата стара реторика на поделби по политичка и етничка линија, Мицкоски повторно се обидува да ја излаже јавноста, исто како пред парламентарните избори во 2024 година.

Но, тоа веќе не поминува. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се прочитана книга и граѓаните нема да подлегнат на истите лаги и манипулации.

Ваквите изјави на премиерот Мицкоски само потврдуваат дека власта е во паника поради падот на поддршката и стравот дека разочараноста и незадоволството на граѓаните ќе се пресликаат на резултатот од локалните избори.

Логично е прашањето: дали токму Мицкоски е тој што подготвува хаос на изборите?, прашуваат од СДСМ.

23.08.2025 - 15:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега