Самохрана мајка и жена со ангелски глас - Утре комеморација за Сара Пројковска
На 26 март, среда, во 13 часот ќе биде одржана комеморација за Сара Пројковска-Николовска, која го загуби животот во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, каде настапуваше заедно со ДНК. Комеморацијата ќе се одржи во концертната сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје, каде Сара беше професорка по пијано.
Придружниот вокал на ДНК пред помалку од четири години го изгуби сопругот, Александар Николовски, џез музичар и професор по труба, кој почина кон крајот на декември 2021 година, на 48-годишна возраст, по кратко боледување.
Сара беше самохрана мајка на две деца.
Телото на Сара за последен поздрав беше изложено во Црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, во четврток на 20.03.2025 година, од 12:00 до 14:00 часот. Погребот се изврши на гробиштата во Горно Лисиче.
Инаку, Пулс немал хидрантска мрежа, ималo само два ПП апарати, вратата на заедниот дел била затворена и без квака од внатрешната страна, а објектот бил непрописно обложен со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали.
По трагедијата, која е една од најтешките во поновата историја на Македонија, Владата прогласи седумдневна жалост. Загинаа 59 лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа