Руските сили се на 10 километри од Купјанск, се продолжува со евакуација на цивили

 

 

Поради интензивен руски артилериски оган и воздушни напади, продолжува евакуацијата на цивилите од околината на градот Купјанск, соопштија украинските власти. Руските сили се на близу 10 километри од Купјанск, град на реката Оскил што Украинците го вратија во септември минатата година.

„Продолжуваме со секојдневната евакуација на жителите од местата на линијата на фронтот во областа Купјанск. На евакуираните им се обезбедува сместување и хуманитарни материјали“, изјави денеска Олех Синијехубов, шеф на воената администрација на регионот Харков, а пренесува „Гардијан“.

Синиехубов додаде дека за време на гранатирањето на 20 и 21 август од селото биле евакуирани 30 лица, меѓу кои пет деца и едно инвалидно лице, а од 9 август се евакуирани вкупно 556 жители, меѓу кои 148 деца.

21.08.2023 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега