Ристовски: На Кожуф и Башкими ќе им се одземе дејноста спорт ако се потврдат сомнежите

 

ФФМ најави дека ќе ја продолжи борбата за чист и фер-плеј спорт по големиот скандал кој денеска се случи во Гевгелија, а со тоа јасно најави жестоки казни за сите инволвирани во фудбалската „местенка“ која ја режираа Кожув и Башкими.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, се огласи преку социјалните мрежи и најави дека на двата клуба најверојатно ќе им биде одземена дејноста за спорт, што значи дека ќе бидат елиминирани од понатамошни настапи во Втората лига.

-Ќе ги почекаме извештаите на ФФМ и доколку се потврдат сомнежите, на клубовите Кожув и Башкими по итна постапка ќе им биде одземена дејноста за спорт. Борбата за чист спорт продолжува и Министерството за спорт секогаш ќе биде на вистинската страна, порача Ристовски.

07.05.2025 - 10:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега