Развојна банка исплати 74 милиони евра за проекти на 248 компании

 


Денес, Развојна банка ја исплати втората транша во износ од 74 милиони евра кон комерцијалните банки, за проекти на 248 компании од кредитната линија за инвестиции и развој.

Од износот на оваа транша, најголем дел, односно 62%, се наменети за мали претпријатија за реализација на 153 одобрени проекти. По однос на структурата на дејности, 96 проекти се од областа на производството, 27 проекти за градежништво, 61 проект за трговија, 38 проекти за поддршка на транспортот, 9 за хотели и угостителство, 12 за услуги и 5 проекти за останати дејности на компаниите.

Македонските компании од оваа транша ќе инвестираат во опрема 28 милиони евра, за градежни? што инвестициите се во износ од 36 милиони евра, за обновливи извори на енергија 7 милиони евра и транспортни средства во износ од 3 милиони евра.

Развојната банка останува интензивно да работи како и до сега за реализација на останатите транши од кредитната линија наменета за инвестиции и развој на домашните компании, се истакнува во соопштението.

11.04.2025 - 16:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега