Разоткриен лихварски бизнис: Приведен кумановец, пронајдени списоци со должници

 


Вчера во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.А.(55) од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени списоци со должници, тетратка со податоци од повеќе лица и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

17.05.2025 - 11:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега