Рама бесен откако му го уапсија градоначалникот: Ја оставија Тирана без глава
Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама во првата реакција за апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, вели дека тоа е голем настан што не може да го помине без „без коментар“.
-Да се земе градоначалникот на Тирана и да се затвори во ќелија без судење, да се остави цел град без главата што му ја ставија на раменици, е многу голем настан кој не можам да го поминам со „без коментар“. Повеќе нема да го чувам својот став за себе. Во сите случаи, правдата ќе си ја заврши работата, рече Рама во директна комуникација со граѓаните на Фејсбук.
Наведувајќи го неговиот став, меѓу другото додава дека новиот правосуден систем ја стекнал потребната самодоверба.
-Нашата поддршка ќе продолжи како и обично, но нема причина да не искажуваме критички мислења, што дополнително ќе помогне за негово консолидирање. Поминаа 5 години откако сите зборуваат за овие луѓе парадирајќи пред камерите на железничката станица, а обвинуваат дека молчи само Социјалистичката партија, силата што управува со државата. Нашиот молк досега многу им помогна на правосудните институции, но разбираме дека им недостига конструктивна критика, нагласи Рама.
Одговарајќи на еден од граѓаните кој го повика да си поднесе оставка, како и опозицијата, изјави дека има само две причини кои ќе го тргнат од политиката.
-Има само два начина да ме отстраните од политиката, тоа е моето срце или народот на Албанија. На 11 мај, за среќа, ќе гласаат и дел од раселените Албанци, а многу ме интересира како ќе гласаат кога некој ме обвинува дека јас сум ги иселил. Не сум желен за власт, туку за работа, одговори тој.
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, беше уапсен вчера по налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, по што Специјалниот суд му одреди мерка „затворски притвор“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа