Пукотници кај Сараево: Шест повредени во голем сури меѓу Пакистанци и Авганистанци
Шест нелегални мигранти се повредени во прифатниот центар во близина на Сараево за време на судир што избувнал во ноќта меѓу понеделник и вторник, јавуваат локалните медиуми повикувајќи се на потврда од полицијата и болнички извори.
Користено било и огнено оружје, а полицијата реагирала и почнала потрага по другите учесници и сведоци на инцидентот.
Полицајците на местото на настанот, кај прифатниот центар во селото Блажуј, затекнале шест повредени лица. Сите биле пренесени во болница, каде што лекарите констатирале дека петмина се потешко повредени, а двајца од нив се во критична состојба и им е загрозен животот.
Од полицијата потврдија дека во судирот учествувале мигранти од Пакистан и Авганистан.
„Во МВР на Сараевскиот кантон моментално има повеќе лица во статус на осомничени,“ изјави портпаролката на полицијата, Мерсиха Новалиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа