Пукање во Батинци - едно лице е застрелано

 


Утрово, жителите на скопското село Батинци повторно беа вознемирени од нов инцидент со пукање, дознава „Скопје1“

Како што пренесува „Скопје 1“ едно лице е погодено и веднаш пренесено во болница.

Според неофицијални извори на „Скопје1“, станува збор за Африм М..

Засега нема повеќе детали за овој случај, ниту пак информации дали сторителот е уапсен.

Ова е втор посериозен безбедносен инцидент во селото за кратко време, имајќи предвид дека минатата година во Батинци беше регистрирано и убиство.

11.07.2025 - 11:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега