Пронајдени човечки останки во близина на Штип
Вчера година во 09.37 часот во СВР Штип, Р.Ш.(60) од село Балталија, штипско, пријавил дека околу 09.00 часот на место викано „Керезли“, атар на село Степанци, штипско, пронашол череп и коски слични на човечки.
По насоки на Јавен обвинител пронајдените коски биле предадени во Институтот за судска медицина Скопје за понатамошно вештачење.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
15.06.2025 - 13:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа