Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

 

Во Кривичниот суд во Скопје денеска се очекува да продолжи судењето за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Љупчо Палевски Палчо кој е првообвинет во случајот, пред крајот на минатото рочиште побара изземање на судијата Ивица Стефановски, а како причина го наведе тоа што претседателот на судечкиот совет одбива да издаде наредба за прибирање одредени податоци од Секторот за внатрешни работи Велес. 

Доколку се донесе оваа одлука за изземање на судијата, тоа значи дека судскиот процес ќе почне од почеток. 

Рочиштето денеска треба да продолжи со изведување материјални докази. Последното рочиште од судскиот процес се одржа пред точно еден месец, на 20 декември 2024 година, а беа презентирани локациите каде што биле најдени жртвите, траги, обдукциските наоди, психијатриските вештачења и дел од телефонската комуникација на обвинетите.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември.

20.01.2025 - 09:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега