Проданоски: Со силно темпо ќе работиме Прилеп да биде европски развиен град

 

 

„Голема благодарност до граѓаните кои ја дадоа поддршката за ваков да биде изборот, благодарност до сите оние луѓе кои најдоа храброст да се вклучат затоа што едни вакви тешки времиња, бараат храбри и одлучни луѓе, луѓе коишто ги претставуваат сите сфери на општественото живеење и луѓе коишто ќе дадат дополнителен импулс во развојот на овој град“, истакна кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски на вечерашната промоција на кандидати за советничката листа, како и промоција на неговата визија за Прилеп како кандидат за градоначалник на општината.

Проданоски истакна дека со неговата кандидатура за градоначалник како и тимот на советничката листа Прилеп ќе се развива, и ќе биде европски град, град на културата.

„Верувам дека со еден ваков тим каков што го има во советничката листа и со мене како кандидат за градоначалник и иден градоначалник на општина Прилеп, ќе покажеме навистина дека Прилеп во почетокот кога ја градеше оваа држава ги даде најголемите херои, ги даде најуспешните луѓе коишто тргнаа напред, ја формираа оваа држава и сега во втората и во третата деценија на 21 век, луѓе коишто имаат храброст, одлучност и голема обврска кон сопствените сограѓани да одат понатаму, да го развиваат овој град и да го направат навистина она што е и што треба да биде, европски, град на култура, град на среќни граѓани, град којшто опкружува, среќни и успешни луѓе“, истакна Проданоски.

12.09.2025 - 22:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега