Приведени шест скопјани, Турчин и Сириец: Полицијата пронашла дрога и оружје

 

На 22.05.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.А.(28), А.Т.(48), Р.В.(18), Б.К.(23), Д.С.(37) и 17-годишник, сите од Скопје, како и А.Џ.М.(19) од Република Турција, со престој во Скопје и Р.А. (24) од Сирија, затоа што кај нив биле пронајдени и одземена марихуана, прашкаста и бела прашкаста материја и нож. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

23.05.2025 - 14:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега