Приведен млад дебранец - пукал со пиштол на свадбена веселба

 


Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи привеле жител на градот кој на веселба пукал со гасен пиштол.

-Синоќа во 23:20 часот на улица „Лиман Каба“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го приведоа А.М.(30) од Дебар затоа што претходно на семејна веселба во Дебар испукал повеќе куршуми од гасен пиштол, кој нелегално го поседувал, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи Охрид.

Додава дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пукањето на домашни веселби кое пред повеќе години беше редовна појава, сега ретко се случува, на што полицијата веднаш реагира. 

30.07.2025 - 12:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега