Претседателот на СДСМ Филипче во работна посета на Франција

 

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска е во еднодневна работна посета на Франција. Во рамки на посетата, Филипче ќе одржи средба со пратеничката и потпретседателка на групата за пријателство Франција - Северна Македонија во француското Собрание, Лилиана Танги.

Како што информира СДСМ, Филипче ќе одржи средба со шефот на Канцеларијата за соседство, проширување и одбрана при Генералниот секретаријат за европски прашања Жозеф Жустиниани.

За време на работната посета во Париз, Филипче ќе има состанок со директорот за Континентална Европа при Министерството за Европа и надворешни работи Брис Рокфеј и со специјалниот претставник за Балканот Рене Троказ.

Филипче ќе има средба и со Бенжамин Куто, истражувач при Институтот „Жак Делор“.

- Во фокусот на средбите ќе биде спроведувањето на реформската агенда и моменталниот статус на евроинтеграцискиот процес на Македонија, се наведува во соопштението од СДСМ.

09.09.2025 - 09:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега