Претседателката Сиљановска-Давкова помилува шест лица
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, донесе одлука за помилување на шест осудени лица, со целосно, делумно или условно ослободување од извршување на казната затвор, пренесе 4NEWS.mk.
1. Марија Драгиша Филиповиќ од Куманово – казната затвор во траење од 3 месеци ѝ се заменува со условна осуда за време од 1 година.
2. Љубица Стеван Стојчевски од Скопје – потполно ослободена од извршување на казната затвор.
3. Тони Милан Стојчевски од Скопје – потполно ослободен од извршување на казната затвор.
4. Мете Мехметали Пашај од Чоровод – потполно ослободен од понатамошно издржување на неиздржаниот дел од казната затвор.
5. Милан Никола Косановиќ од Белград, Република Србија – делумно ослободен од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор во траење од 3 месеци.
6. Васе Ѓоко Чутров од Неготино – делумно ослободен од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор во траење од 3 месеци.
Одлуката стапува на сила веднаш по нејзиното потпишување, а целосниот текст е објавен во службениот весник. Помилувањата се реализирани врз основа на уставните и законските овластувања на претседателката.
Одлуката е објавена во најновиот број на Службен весник (бр. 139 од 10 јули 2025).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа