Претседателката не замина за Париз: Владиниот авион имал дефект

 

Оштетувањето на владиниот авион на Македонија ја спречи претседателката Гордана Силјановска да присуствува на свеченото отворање на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз.

„Во врска со информациите на дел од медиумите дека на свеченоста учествувала претседателката Гордана Силјановска – Давкова, од кабинетот на претседателот информираат дека таа не заминала во Франција“, соопштија од Кабинетот на претседателката.

Во него се вели дека кабинетот на претседателот на  Македонија го известил кабинетот на францускиот претседател за причината поради која Силјановска нема да учествува на церемонијата.

08.12.2024 - 12:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега