Претрес во гостиварско: Пронајдена дрога - приведено едно лице

 

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 22:40 часот  во  гостиварското село Долна Бањиц го лишиле од слобода О.Б.(43) од с.Долна Бањица.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом и помошни простории и во негов локал во селото, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. 

-Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

10.08.2025 - 10:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега