Пресврт во случајот „Меѓународен сојуз“ - Амзовски се откажа од прогон на Боки 13

 

Бизнисменот Ардијан Амзоски од фирмата „Дрим билдинг“ се откажа од кривичен прогон на Бојан Јовановски познат како Боки 13, објавува Скопје1.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Јовановски, за „Скопје1“ посочува дека обвинетиот и Амзоски склучиле спогодба.

- „На последната главна расправа беше сослушан Адријан Амзовски кој во исказот ги опиша конекциите со Бојан Јовановски по однос на проектите и изјави дека лица од политиката Фросина Ременски и Александар Кирацовски биле лица во кои имал доверба, биле присутни на средбите и натеран да учествува во проектите. Потврди дека во овие проекти влегол заради нив и никогаш немало да соработува со Бојан Јовановски да не бил уверуван од нив. Адријан Амзовски се откажа од оштетно побарување и од кривичен прогон бидејќи врз основа на граѓанската пресуда склучил спогодба со Бојан Јовановски да му бидат вратени парите и истата е делумно исполнета и верува дека ќе биде исполнета во целост“, вели Туфегџиќ за „Скопје1“.

Амзовски и при првото сведочење пред Кривичен суд кажа дека на состаноците помеѓу него, Јовановски и Јасна Мандиќ, доаѓала и Фросина Ременски која беше ослободена од вина. Дал 350.000 евра кеш за проектот со европски центри за возрасни лица кој не се реализираше. Според договорот, тие имале обврска да го изградат комплексот, а претставниците на „Меѓународен сојуз“ да им обезбедат државно земјиште кое би го купиле за 1,5-1,8 евро за квадрат, да обезбедат да не се плаќаат комуналнии, како и градежна дозвола.

06.03.2025 - 09:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега