Пренџов: Договорот со Британија објавен - Македонија станува подобро место за живеење
Договорот со Обединетото Кралство е транспарентен и јавен и ќе донесе многу бенефити за Македонија. Ова го изјавува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов во гостување на ТВ24.
– Оваа Влада изминатите 11 месеци се занимава со крупни и големи прашања, кои се од корист на сите граѓани. Ние имаме план Република Македонија да ја направиме подобро место за живеење. Тој план го реализираме секојдневно, од почетокот на овој мандат. Ние секојдневно гледаме дека се остваруваат нови проекти во општините, фирмите земаат кредити, работите во Република Македонија се движат на подобро и тоа е добро, вели тој.
– Ние не правиме никакви деловни тајни. Договорот е јавен, јвено го имаме во Собранието, сè е јавно, јасно и транспарентно. Овој договор е влада со влада. Британија е држава која што ќе ги даде своите знаења во Македонија, ќе помага и 30 отсто од работите ќе бидат изведени од нив. И трето, ќе си има јавни набавки и оној кој што е најдобар во Македонија ќе работи и оној којшто е најдобар во Британија ќе работи, вели Пренџов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа