Премиерот и министрите ќе одговараат на прашања од опозицијата
Собранието денеска ќе ја одржи 45. седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања.
Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот.
Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.
Според новиот Деловник, од 21 ноември лани еднаш месечно се одржува и седница за пратенички прашања од опозициските пратеници и трае два часа.
24.04.2025 - 08:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа