Премиерот: Доаѓа бум на странски инвестиции во 2025-та
Бум на странски инвестиции и развој на македонската економија во 2025 година, најави премиерот на Владата Христијан Мицкоски.
Според досегашното темпо на работа на Владата и премиерот Мицкоски, односно во втората половина од оваа година откако ја предводи Владата се реализираа дури 8 странски инвестиции, нешто кое до сега не се случило со владеење на ниту една претходна Влада. Но, премиерот Мицкоски пред крајот на 2024 година од собраниска говорница покрај досегашните 8 странски инвестиции, најави дека се преговара со нови 15 странски инвестиции кои како што рече ако се оди како што треба ќе започнат да се реализираат следната година. Овие странски инвестиции како што нагласи премиерот Мицкоски играат значајна улога во подигање на економскиот раст и развој.
Првата инвестиција која ја промовираше премиерот Мицкоски беше на само еден ден од почетокот на неговото премиерска функција, а станува збор за инвестиција на „Алказар Енерџи“ за изградба на ветерници во општините Радовиш, Штип и Карбинци во вредност од 500 милиони долари и 630 нови вработувања со што се очекува со електрична енергија да се снабдат дури 100.000 македонски семејства.
Втора странска инвестиција е на германско-белгиска компанија „Епсотех“ која ќе вработи 110 луѓе и ќе чини 20 милиони евра. Објектот ќе биде лоциран во општината Петровец, надвор од технолошко-развојните зони и во него ќе се произведуваат елементи од автомобилската, железничката и здравствената индустрија.
Понатаму при работна посета во Вашингтон, премиерот Мицкоски ја искористи приликата за преговарање за ново вложување на американскиот Вабтек во Македонија. Фирмата која работи во кругот на поранешниот МЗТ, ќе ги проширува капацитетите преку изградба на нова фабрика во технолошко индустриско развојната зона Бунарџик. Во новите погони ќе произведува сопирачки за шински возила наменети за извоз на странски пазари, а инвестицијата е во вредност од 35 милиони евра и нови над 100 вработувања.
Поставен беше и камен темелник на фабриката за литиумски јонски батерии на германската компанија „BMZ Group“ во Технолошко индустриско развојната зона Скопје. во вредност од 65 милиони евра и нови 700 вработувања.
Инвестиција на компанија „Брејнчајд“ во зоната Жабени во општина Битола е во вредност од 8,5 милиони евра, а ќе вработи околу 100 лица.
Третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Охрид е во износ од 45 до 50 милиони евра и најмалку 250 нови работни места до 2028 година. Со ова вкупната инвестиција на КОСТАЛ во Македонија ќе надмине 150 милиони евра со околу 1300 работни места. Веќе се реализирани дел од новите вработувања и е донесена дел од потребната опрема за производство.
Премиерот Мицкоски потпиша договор за инвестиција и со „ДМ БАУ Интернационал“. Според изјавите не премиерот Мицкоски инвестицискиот план вклучува вложувања во купување на земјиште, целосна изградба на погоните и нивно опремување со машини и опрема за производство на модуларни објекти со различна намена. „ДМ Бау Интернационал“ е дел од групација ДМ Бау – швајцарски производител на модуларни објекти со преку 100 години историја.
Осмата странска инвестиција е инвестицијата на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“. Во ТИРЗ Кичево стартуваше изградба на фабрика за производство на електронски батерии за автомобили, а според изјавата на премиерот Мицкоски истата е во вредност од 40 милиони евра и 600 нови вработувања, како и дека очекуваме извозот да достигне до половина милијарда евра за шест до седум години.
Вкупната вредност на овие 8 странски директни инвестиции е над 72.000.000 милиони евра, а вкупно отворање на околу 2800 работни места.
Според изјавите на премиерот Мицкоски, очигледно е дека тој не застанува само на овие 8 странски инвестиции. На последните пратенички прашања на собраниска седница порача дека 2024 година била година на стабилизација со оглед на тоа во каква катастрофална состојба ја наследил државата и соопшти дека во моментот преговара со 15 нови странски инвестиции, а како што потенцираше доколку разговорите течат како што треба се очекува првата нова инвестиција од 360 милиони евра и 500 ново добро платени работни места да ја објават веќе во јануари.
„Веќе сме во процес на нови 15 кои што веќе ги преговараме и се во завршна фаза, од кои едната ќе биде голема од 360 милиони евра, која што очекуваме откако ќе ги завршиме разговорите следната година јануари месец да ја објавиме, нешто што ќе значи огромна сума на пари кои ќе влезат во извозното портфолио на државата, 500 нови вработувања високо платени, современа технологија“, истакна премиерот Мицкоски и додаде дека ова позитивно ќе влијае на бруто домашниот производ.
„Ние денеска ги поставуваме темелите на тоа како треба да изгледаме 5, 10 години од денес македонската економија. И мислам дека ова инвестиција од висока технологија ако биде сè како што треба, ќе значи ново огромно влијание позитивно врз БДП кога ќе го достигне својот максимум таму некаде 2028 година“, потенцираше премиерот Мицкоски.
Со ова јасно е дека премиерот Мицкоски и Владата градат партнерски однос со странските инвеститори и ја покажуваат својата максимална посветеност за подобрувања на бизнис климата во Македонија и отворање на нови работни места за граѓаните.
Ваквиот однос на работење на премиерот Мицкоски уште на самиот старт од неговото владеење е оптимистичко, бидејќи покажа цврста волја за подобрување на македонската економија, напредокот на државата, но и исполнување на ветувањата дадени пред граѓаните, кои пак значат искрена решителност за трансформација на Македонија напред.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа