Преместена инаугурацијата на Трамп

 


Инаугурацијата на Доналд Трамп, која ќе се одржи во понеделник на 20 јануари, нема да се одржи на отворено.

Како што јави Би-Би-Си, инаугурацијата ќе се одржи во затворен простор, поради големиот студ што се очекува во Вашингтон следната недела.


Традиционалната заклетва и говори, вклучително и инаугуративното обраќање, ќе се одржат внатре во американскиот Капитол, наместо надвор од зградата.

Исто така, инаугуративната парада ќе се одржи и во затворено, во Капитол надвор од Вашингтон, заедно со сите три инаугуративни балови.

 

Последниот американски претседател што положи заклетва во затворен простор беше Роналд Реган во 1985 година, кога лошите временски услови го погодија и Капитол.

17.01.2025 - 18:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега