Пратеник од ВЛЕН: Мицкоски е подготвен за официјализирање на албанскиот јазик
Пратеникот на коалицијата ВЛЕН, Аднан Азизи, вели дека оваа Влада ќе го затвори прашањето за државните симболи и смета дека околу ова прашање може да се најде решение кое ќе ги помири двете најголеми заедници во земјата.
Во емисијата „Дијалог кај Лајм“, Азизи рече дека премиерот Мицкоски нема националистички оптоварувања и дека е подготвен за официјализирање на албанскиот јазик.
„Има решение што ги помирува двете заедници и за прашањето за симболите, и за прашањето за химната и за официјализирање на албанскиот јазик, за што да бидам искрен, Мицкоски има подготвеност, не е националистички оптоварен и тој е премиер кој рационално пристапува кон темите и го чекаме моментот овие теми да не ги наследат другите генерации. Во нашиот мандат ќе се реши прашањето за албанскиот јазик, химната, грбот и сите други симболи“, рече пратеникот Аднан Азизи во емисијата „Дијалог кај Лајм“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа