Познати нови детали за здравствената состојба на Кејт Мидлтон


Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон се чувствува многу „посилна и поздрава“ поради лекувањето на ракот, откриваат упатени лица од кралската палата, пренесуваат локални медиуми. Извор за „Life&Style“ тврди дека Кејт Мидлтон е многу „возбудена“ што и самата ќе се врати на работа.

„Таа се чувствува многу посилна и поздрава“, изјавил изворот за „Life&Style“, додавајќи дека сега ќе може уште повеќе да се посвети на својата работа, со оглед на тоа што децата тргнале на училиште.

„Ова е некако горчлив и сладок период за неа, таа е секогаш емотивна кога почнува училиштето бидејќи тоа е нов чекор за нејзините деца, но и доказ за тоа колку брзо растат“, вели тој.

„Покрај тоа, Кејт со нетрпение очекува да може малку да „побегне“ од медицински третмани и посетите на лекар“, додал изворот.

04.09.2024 - 19:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега