Познатата актерка за љубовта на 88 години: Имам пријатели со бенефиции
Актерката Дајан Кенон има импресивна листа на врски на 88 години. Таа во новото интервју изјавила дека се уште излегува и дека има „неколку пријатели со бенефиции“.
На прашањето дали моментално оди на состаноци, таа одговорила со „секако“.
-Имам пријатели со бенефиции, изјави таа за People.
Кенон не го откри идентитетот на нејзините љубовници, но размислуваше за врската со Џони Карсон, кој почина на 79-годишна возраст во 2005 година.
Минатиот месец, CBS Sunday News емитуваше специјален наслов „Скриената страна на Џони Карсон“, во кој беше спомната и Кенон.
-Тој го сакаше тоа. Одевме во ресторани, а тие го затвораа целиот ресторан поради него. Тој беше посебен човек, рекла Кенон и додала дека нивната врска ја чувале во тајност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа