Познат идентитетот на загинатиот возач во Облешево - МВР со детали

 


Денеска во 09.43 часот во СВР Штип, е пријавено дека кај с.Облешево, патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки управувано од Т.Н.(44) од с.Уларци, излетало надвор од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.

28.08.2025 - 14:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега