Потребна е помош за бебето на Вероника на интензивна нега
Младо семејство се соочува со тешка и неизвесна битка – предвремено роденото бебе на мајката Вероника моментално се наоѓа на интензивна нега во приватна болница, каде се лекува од тешка сепса предизвикана од опасната бактерија Klebsiella pneumoniae.
Бебето првично било хоспитализирано на Гинеколошко-акушерската клиника (ГАК), но поради сериозноста на состојбата и потребата од специфична и интензивна терапија, било итно префрлено во приватна здравствена установа, каде што се добива потребниот медицински третман.
Мама Вероника моли за помош за предвреме родено бебе во 28 гестациска недела, поставено на респиратор во критична состојба со сепса предизвикана од бактерија Klebsiella pneumoniae. Бебето е донесено на свет од мајка со тешка бременост со постојани крварења. Родителите не можат да имаат второ дете“, се вели во апелот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа