Потрагата по 16-годишното дете во Вардар е прекината – продолжува утре наутро

 

Дежурниот оперативен центар на ЦУК е известен дека екипите кои вршеа претрага ќе се повлечат поради немање минимум соодветни услови за претрага во ноќни услови. Утре рано наутро, екипите во взаемна меѓусебна координација ќе продолжат со потрагата“, информираат од Центарот за управување со кризи.

Инцидентот бил пријавен попладнево во СВР Велес – две лица, едно на возраст од 16, а другото од 26 години, потонале во водите на Вардар кај селото Уланци, општина Градско.

24.07.2025 - 22:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега