Пороен дожд, грмежи и засилен ветер во Скопје, Галичица и Преспанскиот регион

Од север кон Прилеп се спушта нестабилна облачна маса со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град, соопшти УХМР.

„Нестабилно е и во околината на Скопје, во западните и југоисточните делови од котлината, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Сеуште е нестабилно на Галичица и Преспанскиот регион каде има интензивен пороен дожд“, стои во соопштението на УХМР.

19.07.2024 - 18:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега