Популарната Марибел денес има 5 деца, но животот и донесе голема трагедија - и понатаму изгледа неверојатно
Мексиканската актерка Жаклин Бракамоментер македонската јавност ја памети по улогата на Марибел од серијата Руби, која ја обожаваше целиот Балкан.
Жаклин во 2000 година стана Мис Мексико и беше претставничка на изборот за Мис Свет во 2001 година, а после тоа одлучи да работи на телевизија.
Сепак, светска слава стекна со улогата на Марибел, на која најдобрата другарка ѝ го одзема момчето.
Жаклин се до ден денес не се има многу променето, односно и понатаму важи за една од најубавите жени и ислучително е барана и популарна кога станува збор за теленовелите.
Таа денес е семејна жена, а со сопругот имаат 5 деца. Семејството доживеа трагедија, имено кога таа носела близнаци, родила едно девојче, додека другото бебе поради компликации со органите за дишење, починало.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа