Полициска акција на Охридското Езеро: Запленети 400 метри мрежи и 300 парчиња охридска белвица
Во периодот од 21 до 24 јуни 2025 година, полициските службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ Охрид, согласно надлежностите по Законот за внатрешна пловидба, Законот за рибарство и аквакултура а во врска со кривичното дело „Незаконит риболов“, извршија засилени контроли во водите на Охридското езеро.
Притоа, на околу 1500 метри над „Еврохотел“, пронајдени и одземени се 4 висечки рибарски мрежи во должина од по 100 метри (вкупно 400 метри) и улов од 300 парчиња риба Охридска белвица. Дополнително, во предел обраснат со трска кај струшкото село Калишта, пронајден е чамец се две кофи со рибарски мрежи во должина од по 60 метри и друг риболовен алат и прибор.
Пронајдените предмети, по насоки на Јавен обвинител и запознавање на инспектор по рибарство од Државен инспекторат за земјоделие и водостопанство, се подигнати за понатамошна постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа