Полицијата со засилени контроли: Казнети 1.336 возачи, 212 биле без дозвола
Во деновите од изминатиот викенд (05./06.07.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.336 издадени платни налози дури 212 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола.
Истовремено 121 возач управувал под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 106 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитна кацига.
Инаку, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 168 прекршоци во текот на викендот се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 173 за неправилно паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 100 лица кои некористеле сигурносен појас.
Изречени се 39 санкции за користење мобилен телефон при возење, 15 мерки за минување на црвено светло, а прекршочни санкции добиле и четворица пешаци и двајца возачи на електричен тротинет.
Исто така согласно Законот за возила, 42 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а само едно возило заради техничка неисправност.
МВР најави дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за поголема безбедноста на патиштата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа