Полицијата пронајде муниција кај жител на Чашка - познат идентитетот на приведениот
Вчера во 09:40 часот, полициски службеници од Одделение за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишија од слобода Џ.Х.С. од село Согле, општина Чашка.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се куршуми од различен калибар кои ги поседувал без соодветна документација. Џ.Х.С. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
13.09.2025 - 12:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа