Полицијата пронајде арсенал оружје во домот на жител на демирхисарско

 


Приведен е жител на демирхисарското село Обедник бидејќи во неговиот дом е пронајдена одредена количина на оружје и муниција. 

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во домот на 62-годишниот М.С. пронајдени и одземени четири пушки, еден пиштол  и 158 куршуми  различен калибар.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

14.05.2025 - 16:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега