Полицијата интервенирала за случена сообраќајка, па пронашле и дрога
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.Е.(33) од с.Попчево, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 30.06.2025 во Струмица, по претходно случена сообраќајна незгода, во патничко возило „голф“ кое пријавениот го управувал, е пронајдена и одземена марихуана.
04.07.2025 - 15:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа