Полицаецот Сашко кој загина во сообраќајка кај Негорци: Зад себе остави сопруга и две ќерки
Почина човек планина, грамада од сила и снага, величина од човечност и праведност – Сашко Делев 48 годишен жител на Негорци.
Сашко беше во служба во МВР-ОВР Гевгелија, загина вчера во сообраќајна несреќа на пат кон неговото Негорци додека ја возеше неговата „Хонда“. Зад себе го остави ужаленото семејство, сопруга и две ќерки, пренесе Гевгелијанет.
„Беше посветен и до крај професионален во својата работа, во служба на законот и безбедноста на граѓаните.
Денес роднините, пријателите, граѓаните упатуваат последни зборови на испраќање на несреќно настраданиот Сашко, преку социјалните мрежи.
Почина вчера на пат кон болница во возилото на Итната медицинска помош од Гевгелија. Не издржа ниту до болница, им подлегна на тешките повреди од сообраќајката со товарно возило. Јавен обвинител од Гевгелија го упати телото на обдукција. Затоа денес нема погреб, само тага и изрази на сочувство за големата загуба, за згаснатиот живот на Сашко.
Одлета со ангелите предвреме ти грамаден човеку!
Почивај во мир!“, стои во објавата од Гевгелија нет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа