Подгответе се: Температурите ќе паднат за 10 степени, УХМР најавува дожд, грмежи и силен ветер

 


Утре ќе се задржи многу топло време, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, информира УХРМ.

Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) во среда, а особено во четврток ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 до 10 степени).

Во среда претежно во северните делови ќе има услови за повремен дожд, а во петок локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

07.07.2025 - 12:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега