Почина Франческо Ривела, „таткото на Нутела“

 

Франческо Ривела, кој многумина го нарекуваа „татко на Нутела“, почина на 97-годишна возраст. Овој хемичар работеше за Фереро и беше дел од тимот што го создаде слаткиот намаз.

Започнал да работи за Фереро во 1952 година, по дипломирањето на Универзитетот во Торино. Тој беше во тимот задолжен за проучување на суровини за развој на нови производи.

Тие комбинираа, рафинираа и експериментираа со состојки во потрага по совршени вкусови. За време на неговата долга кариера, Ривела стана висок менаџер во споменатата компанија, работејќи како десна рака на Микеле Фереро.

Новинарот Џиџи Падовани во својата книга „Mondo Nutella“ напишал дека тие двајца го обиколиле светот во потрага по слатки, не за да го копираат нивниот вкус, туку за да ги подобрат.

По пензионирањето, Ривела живеел во Алба, каде што се посветил на овоштарството.

17.02.2025 - 18:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега