Победниците на Евровизија позираа целосно голи: „Валкано и без вкус“
Италијанскиот бенд „Манескин“ е во центар на внимание откако победи на Евровизија оваа година, а сега повторно со објавата предизвикаа лавина на коментари.
Членовите на бендот се активни на социјалните мрежи каде често објавуваат провокативни фотографии, а сега со новата фотографија на која позираат целосно голи шокираа многумина.
Фотографиите се појавија на нивниот официјален Инстаграм профил, а за истите сигурно уште долго ќе се зборува.
Имено, четворката од Рим позирала целосно гола, додека интимните делови ги покриле само со ѕвездички.
Фотографиите за само неколку часа добиле на 700.000 лајкови и илјадници коментари од нивните фанови.
„Не можам да го поднесам ова, во бес сум“, „Повикајте ми Брза помош“, „Валкано и без вкус“, „Ја разбирам слободата, но ова е премногу“, „Испратете им помош“, „Како се дише?“, „Кралицата и кралевите“, „Не ми е добро“, „На колена сум, но не се молам“, пишувале фановите.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа