По шест месеци во бегство, Артан Груби се јави на Фејсбук

 

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој веќе шест месеци е надвор од видокругот на македонската јавност и институциите, денеска повторно се појави – но не преку официјален настап, туку со објава на својот Фејсбук-профил, по повод својот роденден.

Во кратката објава, Груби сподели честитки што ги добил од блиски пријатели и членови на семејството.

Ова е првпат тој јавно да се огласи откако исчезна од јавниот живот, но и покрај интересот на јавноста, неговата објава не содржи ниту најмала назнака за тоа каде се наоѓа, ниту пак дали и кога планира да се врати.

07.06.2025 - 12:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега