По две децении, Евровизија со ново лого

 

По повеќе од 20 години, „Избор на песна за Евровизија“ доби нов визуелен идентитет. Логото на најголемото европско музичко натпреварување е претставено во пресрет на јубилејното 70-то издание и се карактеризира со живописни бои и препознатливото евровизиско срце.

Јубилејното издание ќе се одржи во 2026 година, кога Евровизија слави седум децении музичко обединување. Благодарение на победата на Џеј-Џеј во Базел годинава со песната Wasted Love, следното натпреварување ќе се одржи во Австрија – во Виена или Инсбрук.

Организаторите најавуваат дека Евровизија 2026 ќе биде насочена кон минатото, ќе ја прославува сегашноста и ќе внесе возбуда за иднината, а сето тоа во духот на препознатливиот евровизиски стил.

Досегашното лого беше во употреба од 2004 година, а последно освежување доби во 2014. Новиот дизајн го задржува срцето во центарот, кое, според организаторите, „сега чука погласно од кога било“.

Покрај логото, претставено е и „Камелеонското срце“ – симбол опишан како „емоционален компас на Евровизија“ што ќе може да се прилагодува на земјата-домаќин, на идентитетот на изведувачите или на темата на натпреварот.

18.08.2025 - 23:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега