Пијани возачи беснееле на патиштата: Приведени тројца мажи со над 2 промили алкохол
Во изминатато деноноќие приведени се возачи од Велес, Росоман и Демир Капија кои возеле под дејство на алкохол.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 22:55 часот во Велес бил приведен 61-годишен велешанец кој имал 2,65 промили алкохол во крвта. Тој бил исклучен од собраќај и против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.
- На 27.08.2025 во 22:55 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ц.Т.(61) од Велес. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „југо“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,65 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќајот и задржан во полициска станица Велес, информира МВР.
Ноќеска во 02:10 часот на локалниот пат од село Горно Чичево кон село Долно Чилево во општина Градско бил приведен Г.П.(42) од Росоман. Околу 01:50 часот тој управувајќи „фолксваген пасат“ изгубил контрола над возилото и излетал од патот. По преземените мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,44 промили алкохол во крвта. Задржан е во полициска станица во Велес и по целосно документирање против него ќе биде поднесена пријава.
Во Демир Капија ноќеска 35 минути по полноќ приведен е Д.Н.(44) кој имал 2,31 промили алкохол во крвта. И против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа