Пијан возач причина за трагедијата во Хрватска: Директно удрил во колата при што таа слетала во реката

 


Вчера вечер околу 23 часот во градот Подградина, во општина Сливно, Хрватска се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа три лица.

Полициската управа на Дубровничко-неретванската жупанија соопшти дека за несреќата е виновен 73-годишен маж. При вклучување во сообраќај со патничко возило, тој не ги пропуштил сите возила што се движеле по коловозот означен како пат со првенство на минување.

Тој со своето возило удрил во патничко возило со дубровнички регистарски таблички, кое поради силата на ударот се одбило и ја пробило заштитната ограда, по што слетало во коритото на реката Мала Неретва и потонало на дното.

Загинале три лица кои биле во потонато возило. Станува збор за хрватски државјани на возраст од 77, 61 и 48 години.

73-годишниот маж кој ја предизвикал оваа сообраќајна несреќа претрпел полесни повреди, а алкотестот утврдил дека возел под дејство на алкохол во концентрација од 1,46 г/кг. Тој моментално е во полициски притвор каде што против него се води кривична истрага за кривично дело предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, објавија хрватските медиуми.

08.05.2025 - 10:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега