Пијан возач предизвикал сообраќајка во Струга: Измерени 2,17 промили алкохол во крвта

 


Вчера во 15.00 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Н.(54) од струшкото село Велешта.

Претходно, на улица „Владо Малески“ во Струга тој предизвикал сообраќајна незгода, по што со возило на Итната медицинска помош е префрлен во Медицинскиот центар во Струга, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,17 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

21.05.2025 - 14:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега