Петрушевски: Синдикалецот на батерии, Трендафилов за 14 месеци инкасирал 1.688.000 денари
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, му врати на Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија по шегата на негова сметка.
“Синдикалецот на батерии Трендафилов за 14 месеци инкасирал 1.688.000 денари! Ова не е #априлилили ПС. Пријател со претставници на трулата комунистичка буржоазија, кои семејно си ги наследуваат функциите во синдикатот, за само да си ги полнат џебовите, не може да бидам. Само непријател!“, напиша Петрушевски.
01.04.2025 - 13:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа