Петрушевски: СДС призна дека преку АНБ и АР го прислушувале и следеле претседателот Мицкоски, попусти се обидите на Виктор Димовски да се извлече
СДС призна дека преку АНБ и АР го прислушувале и следеле претседателот Мицкоски, попусти се обидите на Виктор Димовски да се извлече, тврди пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на прес-конференција пред партиското седиште.
Вели, СДСМ признала дека пет година го следеле сегашниот премиер, а тогашен опозиционер, Мицкоски.
-Тоа значи дека не само тој, туку и неговото семејство биле предмет на следење на тајните служби. Овие служби, наместо да го штитат интегритетот на државата и граѓаните, тие биле маша за политичка борба и притисок на СДС. Главен извршител бил Виктор Димовски и свесен за последиците од признанието на СДС во паника негира и бега од последиците на своето делување, вели Петрушевски.
Го повика Димовски да признае што правел и по чија наредба од врвот на политика.
-Виктор Димовски многу добро знае што правел, и какви кривично правни последици има тоа. Виктор Димовски да признае што правел и по чија наредба од врвот на политиката. Следењето и прислушкувањето не би било можно без директна дозвола од Зоран Заев, затоа што во целиот систем бил вклучен и Љупчо Коцевски од ЈО, кој подоцна е избран за Републички ЈО и Врховниот суд. Овој скандал на злоупотреба на службите не смее да остане не санкциониран. Одговорност мора да има, за никогаш да не се повтори, вели Петрушевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа