Петрушевски: ЈО да не молчи, истрага за следењето и прислушкувањето веднаш, и одговорност за извршителите и наредбодавачите
ЈО да не молчи, истрага за следењето и прислушкувањето веднаш, и одговорност за извршителите и наредбодавачите, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.
-ЈО на Љупчо Коцевски молчи со денови откако се обзнани скандалозно следење на службите на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени. Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките? Дали молчи затоа што знаел се? СДС ги вплетка службите и ЈО во своја шема за опстанок на власт. 5 години следеле се што мислеле дека го загрозува нивниот опстанок на власт, истакна Петрушевски.
Одговорност за случајот мора да има. ЈО и Љупчo Коцевски да не молчат, туку да почнат да даваат одговори, додаде Петрушевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа